• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатни дерматолошки прегледи викендов во Градски парк

Бесплатни дерматолошки прегледи викендов во Градски парк

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата ќе бидат овозможени денеска и утре од 17 до 21 часот во Градски парк во Скопје, во организација на „dm дрогерие маркт“, а идниот викенд вакви прегледи ќе бидат достапни и  во Охрид. 

Бесплатните прегледи ДМ ги организира втора година, а првиот термин годинава се одржа на 9 јуни во Парк-шумата Гази Баба кога, како што информираат, бил голем одѕивот од граѓани што дошле на проверка кај тим од стручни дерматолози.

Со дерматоскоп се прегледуваат бенките и другите неправилности на кожата за да се утврди општата состојба и типот на кожата, да се забележат пигментни промени или настанување на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци.

-Втора година по ред, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани на бесплатни дерматолошки прегледи. Иако летото е едно од нашите омилени годишни времиња, поради високите температури и штетните сончеви зраци, тоа со себе носи различни предизвици. Притоа, посебно е важно да обрнеме внимание на тоа како правилно да се заштитиме од УВА и УВБ зрачењето кое може да предизвика промени на кожата, па и оние кои се малигни, неретко фатални, наведува организаторот на настанот.

Оттаму го пренесуваат апелот на дерматолозите кои алармираат за пораст на случаи на кожен меланом, посебно кај младата популација.

-Согласно статистиките, во 2020 година биле забележани вкупно 325 000 нови случаи на меланом на глобално ниво (174 000 мажи, 151 000 жени), а доколку продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом ќе се зголеми на 510 000 (приближно зголемување од 50 проценти) до 2040 година. Повеќето случаи на рак на кожата се предизвикани од прекумерна изложеност на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето или солариум. Превенцијата е од особено значење за заштита од овие заболувања, а редовните дерматолошки контроли на бенките и промените на кожата, како и заштитата од УВ-зрачењата се еден од главните методи, наведуваат од ДМ. 

Идниот викенд (22 и 23 јуни) во период од 16 до 20 часот, односно од 11 до 15 часот, бесплатни дерматолошки прегледи ќе бидат организирани во „Куба Либре“ во Охрид. хс/лв/

Фото: МИА архива / dm дрогерие маркт 

 

Остани поврзан