• петок, 27 декември 2024

Бесплатна тура за крводарители во Музејот на современа уметност во Стразбур

Бесплатна тура за крводарители во Музејот на современа уметност во Стразбур
Стразбур, 14 април 2021 (МИА) - Музејот на модерна и современа уметност во Стразбур во источна Франција ги отвори на еден ден вратите, бесплатно, за посетители кои претходно се согласиле и даруваа крв. Оваа акција привлече одреден број крводарители кои ја сакаат и уметноста, како редок подарок во епидемијава на коронавирус. Дарувањето крв беше организирано во импозантната зграда на Музејот, каде што посетителите чекаа во ред со засукани ракави, очекувајќи ја и турата. Веднаш по дарувањето, посетителите прво добија нешто да каснат и да се напијат, а потоа уживаа во делата на Густав Доре, Клод Моне и Пол Сињак. Ова беше исто така добра вест за Институтот за трансфузиологија во Франција, и за пациентите. Музеј во Дижон неодамна организираше слична акција, која наиде на добар одѕив, бидејќи музеите, театрите и кината се затворени од минатата есен поради епидемијата.  си/

Остани поврзан