• понеделник, 29 јули 2024

Бесплатен разглед на Скопје во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи

Бесплатен разглед на Скопје во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота ќе организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини, во 12 и во 13 часот, со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.

-Во сабота ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи. Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат, велат од Асоцијацијата на туристички водичи.

Истовремено од Асоцијацијата соопштија дека ќе организираат бесплатен разглед и на Охрид и Битола. бт/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан