• петок, 27 декември 2024

Бесплатен паркинг по повод празникот 11 Октомври

Бесплатен паркинг по повод  празникот  11 Октомври

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - По повод Денот на народното востание - 11 Октомври, денеска во Скопје јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.

Како што соопштија од ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со  редовно работно време 09:00 - 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани им го честита 11 Октомври. љм/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан