• петок, 27 декември 2024

Бесплатен паркинг на зонските паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ за 11 Октомври, наплата само на Средно Водно

Бесплатен паркинг на зонските паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ за 11 Октомври, наплата само на Средно Водно
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - На зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје утре, на Денот на народното востание -11 Октомври, нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно. Како што информира ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Треска“, Градска болница и Клинички центар „Мајка Тереза“. ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита утрешниот празник, 11 Октомври. мд/дма/

Остани поврзан