• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатен паркинг на Денот на македонската револуционерна борба

Бесплатен паркинг на Денот на македонската револуционерна борба

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека денеска на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври, на јавните површини наменети за паркирање (зонско), т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата. 

Редовна наплата ќе се врши на Зона А0 - Водно, Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза. 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан