• петок, 27 декември 2024

Бесплатен градски превоз в петок за прилепчани

Бесплатен градски превоз в петок за прилепчани

Прилеп, 20 септември 2023 (МИА) - Јавниот градски превоз в петок за сите прилепчани ќе биде бесплатен. Прилепската локална самоуправа на овој начин се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност под мотото ,,Движи се рационално, штеди енергија". Тоа ќе значи помалку користење на автомобилите и позитивно влијание врз заштитата на животната средина.

Бесплатниот градски превоз градските власти го обезбедија заедно со  ЈП за просторно и урбанистичко планирање. Прилепчани бесплатно ќе може да го користат гтрадскиот јавен превоз преку целиот ден.

Локалната самоуправа на Прилеп апелира што повеќе граѓани да ја искористат можноста за бесплатниот јавен превоз и барем на еден ден да ги остават автомобилите како загадувачи на животната средина. ем/дма/

Фото: МИА и Општина Прилеп

 

Остани поврзан