• недела, 28 јули 2024

Бесплатен влез за посетителите во НУ Музеј Куманово по повод Денот на независноста

Бесплатен влез за посетителите во НУ Музеј Куманово по повод Денот на независноста
Куманово, 8 септември 2022 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово, по повод државниот празник Денот на независноста – 8 Септември ги отвори вратите за посетителите.
- По повод Денот на независноста, 8 Септември Националната Установа Музеј Куманово ги отвори вратите за посетителите. Влезот е  бесплатен, а посетителите  имаат можност, покрај постојаната музејска поставка, да ги посетат и Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, мегалитската опсерваторија Кокино и Куќа-Музеј на Христијан Тодоровски Карпош. Музејот е  отворен од 08:30 до 16:30 часот, соопштија од НУ Музеј Куманово. Денот на независноста се одбележува со низа пригодни манифестации, меѓу кои и изложби и отворени врати на културните установи, музеи и галерии низ целата држава. ам/дма/

Остани поврзан