• четврток, 26 декември 2024

Бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата по повод 18 Април

Бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата по повод 18 Април

Скопје, 13 април 2023 (МИА) - По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска. 

Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.

- Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска - Стојчевска. мд/са/

Фото: Фејсбук на министерката Бисера Костадиновска - Стојчевска

Остани поврзан