• сабота, 23 ноември 2024

Беснее пожарот во Гари, единствен спас интервенција од воздух

Беснее пожарот во Гари, единствен спас интервенција од воздух

Дебар, 17 август 2024 (МИА) - Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.

Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата "Стогово" на ЈП" Национални шуми".

-Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.

Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски. вт/вг/


Фото: МИА Архива/село Гари ФБ

Остани поврзан