• среда, 25 декември 2024

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти. 

За централниот дневник на телевизија „Сител“, Бесими рече дека интенцијата на Владата уште тогаш била дека не треба да се укине таа одредба.

- Реагирано е од страна на Владата уште пред да се донесе одлуката бидејќи по процедура Уставниот суд доставува информација до Влада. Владата даде мислење дека не треба да се укине, појасни Бесими.

Коментирајќи ги најновите прогнози на Светска банка според кои македонската економија ќе има најнизок раст, Бесими појасни дека во регионот ние сме најотворена економија, а нашиот најголем трговски партнер Германија која е во рецесија и дека сето тоа се ефектуира врз нашата економија. бак/дма/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан