• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бесент: САД не воведоа царини за Русија и Белорусија бидејќи се под санкции

Бесент: САД не воведоа царини за Русија и Белорусија бидејќи се под санкции

Вашингтон, 3 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека САД не воведуваат царини за увоз на стоки од Русија и Белорусија, бидејќи производите од овие земји не се испорачуваат на американскиот пазар.

„САД не тргуваат со Русија и Белорусија бидејќи тие се под санкции“, рече тој во изјава за Фокс њуз.

Американскиот портал забележува дека САД сè уште тргуваат повеќе со Русија отколку со некои од земјите на списокот на царини, што синоќа ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, како што се Маурициус или Брунеи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан