Бесент: Економски сме во прилично добра форма
- Американскиот министер за финансии Скот Бесент објави дека Соединетите држави се во „прилично добра состојба“ на економски план.

Вашингтон, 9 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесент објави дека Соединетите држави се во „прилично добра состојба“ на економски план.
Тој призна дека има „мала неизвесност“, но тврди дека компаниите му рекле оти „економијата е солидна“.
Тој истакна дека Белата куќа е „преплавена“ со земји кои сакаат да дојдат и да преговараат со Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп на „Truth Social“ напиша дека „САД ќе бидат поголеми и подобри од кога било досега“.
-Бидете мирни! Сè ќе биде добро. Соединетите држави ќе бидат поголеми и подобри од кога било досега“, напиша тој. „Одлично време за купување“, додаде тој во друга објава. мс/
фото: МИА архива