Бесент: Договорот меѓу Киев и Вашингтон за ретките метали е можен уште оваа недела
- Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон и Киев веќе оваа недела би можеле да потпишат договор за ретки метали.

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон и Киев веќе оваа недела би можеле да потпишат договор за ретки метали.
„Многу сме блиску до потпис. Можеби и оваа недела“, изјави Бесент во интервју за Блумберг.
Бесент рече дека Украина дала контра-предлог на договорот и дека преговорите се уште се во тек.
Консултациите за договорот почнаа минатата недела.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха претходно изјави дека Украина веќе го формулирала својот став за договорот со САД и дека целта е да се постигне договор од заемна корист.
Бесент претходно истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да го искористи договорот со Украина како алатка за ангажирање на Русија во преговорите. паг/
Фото: ЕПА