• среда, 25 декември 2024

Беса прогласи победа во Тетово

Беса прогласи победа во Тетово
Скопје, 20 август 2022 (МИА) - Беса победи денеска во коалиција со тетовци затоа тие се победници на оваа трка и тетовци ја заслужуваат мојата бескрајна посветеност до крајот на мандатот, изјави лидерот на партијата и градоначалник на Тетово, Биљал Касами по прогласувањето победа на денешните избори за Советот. Тој очекува Беса да освои 12 советнички места. Касами рече дека според резултатите што ги имаат, со 1000 гласови водат пред ДУИ. На прославата за победата на плоштадот на градот, Касами побара што е можно поскоро да се одржуваат предвремени избори. - За краток период двапати ја победивме ДУИ и секако дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не се со ДУИ. Бараме предвремени избори што е можно поскоро, рече Касами. фф/нд/

Остани поврзан