• четврток, 26 декември 2024

Беса: Застареноста на случаите на Мијалков ги пресликува ДУИ и СДСМ

Беса: Застареноста на случаите на Мијалков ги пресликува ДУИ и СДСМ

14 ноември 2023 

Сè додека криминалот во актуелната власт продолжува да се зголемува, расте и ослободувањето на обвинетите, за кои кога СДСМ беше во опозиција докажа дека направиле криминал, корупција и треба да бидат во затвор.

Со истекот на предметот против поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, како и обвинетите за други сомнителни кривични дела, се докажува дека СДСМ кога беше во опозиција имаше само една цел, да дојде на власт, да се обединат со ДУИ и да ги заштитат криминалците од претходната власт за заедно со нив да продолжат со криминалот, тендерите, корупцијата, личното богатење на грбот на граѓаните.

Ова е причината зошто Северна Македонија не оди кон ЕУ. Затоа, како Движење БЕСА, сметаме дека изборите се спас за граѓаните и казна за криминалот и криминалците.

Движење Беса

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан