• среда, 27 ноември 2024

Беса: Започнува ревитализацијата на каналот за наводнување Радиовце – Џепчиште

Беса: Започнува ревитализацијата на каналот за наводнување Радиовце – Џепчиште
Скопје, 29 септември 2021 Каналот Радиовце - Џепчишта е долг 17 километри. Речиси 20 години овој канал никогаш не бил исчистен. Во август 2018 година, беше поставен камен -темелник за изградба на новиот систем за наводнување Речица -Равен, кој вклучува дел од Полошката котлина од автопатот Скопје - Тетово - Гостивар. По изградбата, се планира наводнување на 3250 хектари земјоделско земјиште што лежи во регионот на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, придружуван од пратеникот од овој крај, истовремено и кандидатот за градоначалник на Тетово, Билал Касами, денеска го посети овој канал за да се информира до каде се работите во чистењето на овој каналот што е исклучително важен за земјоделците од овој регион. Министерот Хоџа рече дека како и што беше ветено, започнавме со ревитализацијата, односно чистење на овој канал, надминати се сите бирократски пречки, заклучувајќи дека Движењето Беса и тој лично ќе бидат дополнително посветени на подобрување на условите за земјоделците во овој регион. Пратеникот од овој крај, лидерот на Движењето Беса и истовремено кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами на почетокот им се заблагодари на министерот и раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Тетово за посветеноста и неуморната работа за реализација на овој проект додавајќи дека и покрај тоа што беа заборавени од претходните власти, и на централно и на локално ниво, Движењето Беса е посветено и ќе продолжи да се залага за олеснување на животот на сите граѓани во овие населени места. Требаше да помине 3 години за да започне со работа на овој канал кој е многу неопходен за жителите, а тоа благодарение на на министерот Аријанит Хоџа, од Движењето Беса. Вкупната вредност за изградба на системот за наводнување е речиси 15 милиони евра. Центар за комуникации на Беса _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан