• четврток, 26 декември 2024

Бесарт Абдурахими нов фудбалер на мостарски Зрињски

Бесарт Абдурахими нов фудбалер на мостарски Зрињски

 

Мостар, 27 март 2024 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими е нов фудбалер на мостарски Зрињски, соопшти денеска актуелниот шампион на Босна и Херцеговина.

Најуспешниот клуб во БиХ во објава на својот профил на платформата Икс прецизираше дека соработката со 33-годишниот крилен напаѓач е договорена до 31 мај 2025 година.

Абдурахими, кој е роден 1990 година во Загреб, настапуваше за младинските селекции на Хрватска, а на сениорско ниво го носеше дресот на Македонија.

Во Зрињски доаѓа од кипарското првенство во кое до јануари годинава настапуваше за Аполон Лимасол. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан