• недела, 24 ноември 2024

Бертомеу: Ако сезоната во Евролигата продолжи, таа мора да заврши пред крајот на јуни

Бертомеу: Ако сезоната во Евролигата продолжи, таа мора да заврши пред крајот на јуни
Барселона, 16 април 2020 (МИА) - Претседателот на кошаркарската Евролигата, Жорди Бертомеу, кажа кој е крајниот рок за завршување на сезоната 2019/20, која во моментов е суспендирана поради пандемијата на коронавирус. - Во случај на продолжување на сезоната, ние мора да ја завршиме пред крајот на јуни. Едноставно нема да можеме да одржиме натпревари од тековната сезона во септември-октомври, ова само ќе создаде непотребни проблеми во иднина. Секако на прво место е здравјето на луѓето. Не сакаме да ризикуваме, изјави Бертомеу. Досега се одиграни 28 од предвиднеите 34 кола во основниот дел во Лигата по што треба да следува четвртфинале, па фајнал-фор. зс/

Остани поврзан