• четврток, 26 декември 2024

Берош: Корона-кризата досега ја чинеше Хрватска 927,4 милиони куни

Берош: Корона-кризата досега ја чинеше Хрватска 927,4 милиони куни
Загреб, 21 декември 2020 (МИА)  - Корона-кризата досега ја чинеше Хрватска вкупно 927,4 милиони куни (едно евро околу 7,5 куни), објави денеска министерот за здравство Вили Берош. Според податоците, 574,4 милиони куни биле потрошени на тестирање до 18 ноември, трошоците за лекување се 268,9 милиони, а трошоците за боледување се над 83 милиони куни, изјави Берош на прес-конференција. Тој додаде дека во Министерството за здравство се одржува состанок со претставници на веледрогерии за состојбата на долгот на здравствениот систем за лекови и медицински материјал, пренесоа хрватските медиуми. паг/

Остани поврзан