• вторник, 24 декември 2024

Беровскиот Црвен крст го одбележа Светскиот ден на прва помош

Беровскиот Црвен крст го одбележа Светскиот ден на прва помош
Берово, 12 септември 2021 (МИА) - Беровскиот Црвен крст го одбележа Светскиот ден на прва помош. Активноста, како што информираа од Општинската организација, се реализираше на Градскиот плоштад со учество на Клубот на млади при оваа организација. -Светскиот ден на првата помош нашите волонтери го одбележаа со демонстрирање на вежби за прва помош на плоштадот „Димитар Беровски“ Берово. Првата помош е од голема важност при спасувањето на човечки животи, но неопходна е соодветна обука и знаење за укажување на прва помош. Од таа причина редовно организираме настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на живот во секојдневни и кризни ситуации, истакнаа од Црвен крст Берово. Вториот дел од активностите, како што додадоа, се реализирал во соработка со граѓаните на Берово. -Во таа насока волонтерите на Црвен крст Берово на граѓаните кои беа присутни на градскиот плоштад им поделија флаери за психолошка поддршка во услови на Ковид-19, додадоа од Црвен крст Берово. Оттаму апелираа до сите оние кои се соочуваат со било какви предизвици предизвикани од кризата да ги посетат во нивната канцеларија во Берово каде ќе им биде овозможена понатамошна поддршка. вс/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан