• петок, 20 декември 2024

Берово ја продлабочува соработката со општините Брус од Србија и Струмјани од Бугарија

Берово ја продлабочува соработката со општините Брус од Србија и Струмјани од Бугарија
Берово, 27 август 2022 (МИА) - Општина Берово ја продлабочува соработката со српската општина Брус и Општина Струмјани од Република Бугарија. Делегации од овие две општини реализираа заедничка средба со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, а притоа го посетија и Саемот „Малешевијата на дланка" во рамки на Етно плоштад Фестивалот.
-Со делегација од Општина Брус, предводена  од нивниот претседателот, проф. Др. Валентина Милосављевич и делегација од Општина Струмјани, Република Бугарија, предводена од градоначалникот Емил Илиев, разменети беа искуства, разговараме за заеднички проекти и создаваме трајни пријателства. Се надеваме дека имаат пријатен престој и дека Берово им нуди пријатна атмосфера и добра забава, информираа од Општината.
Делегацијата од двете општини, како што додадоа, вечерва ќе присуствува и на втората вечер на Етно плоштад фестивал во чии рамки свој настап ќе имаат реномирани македонски музички имиња.
-Вечерва е втор ден од фестивалот на кој публиката ќе има можност да го види настапот на групата Етно Брус, која доаѓа токму од пријателската Општина од Србија. Освен нив свој, перформанс ќе имаат и
Беровски тамбураши, Женската пеачка група Ѓурѓа, 2 БОНА, Слаткаристика и Александра Јанева, додадоа од Општина Берово.
Етно плоштад фестивал, кој се одржува во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица завршува утре со концертите на Дац и Александар, Фиц (Студени нозе) и Escape Бенд. вс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан