• среда, 25 декември 2024

Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

Берово, 23 октомври 2024 (МИА) - Во чест на 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегации од општествениот и политичкиот живот во Берово денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово. 

Во краткиот говор, пред присутните се читаше реферат за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

-Го чествуваме денот кога е формирана Македонската револуционерна организација. Денеска им оддаваме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ и кои и денеска го отсликуваат македонскиот непокор и претставуваат симбол на слободата, беше кажано на денешното одбележување на значајниот датум во Берово.

По повод значајниот датум, срдечни честитки, по повод 23-ти октомври упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за создавање на сопствена, независна држава. нека е за многу години денот, рече Пекевски. вс/ар

Фото: МИА


Фото: МИА

Остани поврзан