• недела, 24 ноември 2024

Берни Сандерс поднесе во Сенатот на САД резолуција за блокирање на продажба на оружје за Израел

Берни Сандерс поднесе во Сенатот на САД резолуција за блокирање на продажба на оружје за Израел
Вашингтон, 20 мај 2021 (МИА) - Берни Сандерс денеска до Сенатот на САД достави резолуција за блокирање на продажбата на оружје во вредност од 735 милиони долари на Израел, како одговор на конфликтот меѓу еврејската држава и лидерите на палестинското движење Хамас во Појасот Газа. „Во момент кога бомбите направени од САД ја уништуваат Газа и убиваат жени и деца, не можеме едноставно да дозволиме да помине уште една огромна продажба на оружје дури и без конгресна дебата“, наведе Сандерс, (независен кој гласа со демократите). Администрацијата на демократскиот претседател Џо Бајден ја одобри потенцијалната продажба на оружје од 735 милиони американски долари на Израел оваа година и го испрати до Конгресот на 5 мај на официјално разгледување. Демократските и републикански лидери во двата дома ја поддржаа продажбата за време на неформален состанок пред 5 мај. зш/

Остани поврзан