• недела, 24 ноември 2024

Берние кандидат за претседателските избори во Франција

Берние кандидат за претседателските избори во Франција
Париз, 5 ноември 2021 (МИА) - Мишел Барние, преговарачот на Европска Унија за Брегзит, е еден од петте кандидати на партиските избори на француската десничарска партија Републиканци за претседателските избори во Франција, што ќе се одржат на пролет 2022 година. Републиканци на Конгрес на 4 декември ќе го соопштат името на својот претседателски кандидат. Покрај Барние, за претседател ќе се кандидираат Ксавиер Бертранд, Валери Пекресе, Ерик Чиоти и Филип Жувин. Барние, кој е најстариот кандидат на 70-годишна возраст, беше министер за мандатите на француските претседатели Франсоа Митеран, Жак Ширак и Никола Саркози. Според партиските анкети, Барние ќе биде трет на партиските избори. Најголеми шанси засега има Бертранд, кој на партиските избори би освоил 45 проценти од гласовите. Според анкетите, центристот Емануел Макрон би освоил најголем број гласови во првиот круг од изборите, иако се уште официјално не соопштил дека ќе биде кандидат. ми/

Остани поврзан