Берлускони: Сакам со Монца да ги освојам ЛШ и Серија А
- Сопственикот на новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, Силвио Берлускони, еден ден по историскиот пласман во Серија А, изјави дека сега следни цели на клубот се шампионската титула во
Монца, 30 мај 2022 (МИА) - Сопственикот на новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, Силвио Берлускони, еден ден по историскиот пласман во Серија А, изјави дека сега следни цели на клубот се шампионската титула во Италија и трофејот во Лигата на шампиони.
Во финалето од плејофот за пласман во Серија А, Монца во неделата вечер ја совлада Пиза по продолжение со 4-3, откако во првиот натпревар на домашен терен триумфираше со 2-1.
- Мислевме дека ќе успееме и минатата година, но немавме среќа. Се боревме цела сезона, не беше лесно, но успеавме и сега сме во Серија А, изјави Берлускони.
Формирана во 1912 година, Монца банкротираше во 2016 и мораше повторно да почне од амтерско ниво. Две години подоцна клубот го купи поранешниот италијански премиер и сопственик на Милан, Силвио Берлускони и сега првпат во клупската историја ќе игра во Серија А.
- Сега кога сме во Серија А мораме да ја освоиме титулата, да се пласираме во Лигата на шампиони и таму да триумфираме. Јас сум навикнат на победи, па ќе видиме. Ова беше одлична година со добри резултати за моето срце. Милан стана шампион на Италија, а Монца се пласираше во Серија А, додаде Берлускони. ег/ми/