• среда, 13 ноември 2024

Берлускони пуштен од болница каде се лекуваше од коронавирус  

Берлускони пуштен од болница каде се лекуваше од коронавирус  
Рим, 14 септември 2020 (МИА) - Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше хоспитализиран на 3 септември поради инфекција на белите дробови предизвикана од коронавирусот, денеска е пуштен од болница. - Тоа беше тешко искушение, но благодарение на небото и лекарите од Сан Рафаел, излегов од ова искушение, можеби најопасното во мојот живот, изјави Берлускони во краткото обраќање и им се заблагодари на сите.
Берлускони, кој на 29 септември ќе наполни 84 години, на 2 септември објави дека е позитивен на вирусот, како и неговите деца Барбара (36) и Луиџи (31), но и неговата нова партнерка, 30-годишната Марта Фашина.
Поранешниот италијански премиер беше хоспитализиран како пациент со висок ризик поради возраста и претходните здравствени проблеми, вклучително и интервенција на отворено срце.
Тогаш на Берлускони му беше дијагностицирана „инфекција на белите дробови во рана фаза“. паг/
   

Остани поврзан