• петок, 20 декември 2024

Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим

Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим

Прага, 15 септември 2024 (МИА) - Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја. 

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод. 

Бердих (38) во својата играчка кариера со Чешка двапати го освои Дејвис купот, во 2012 и 2013 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан