Бербок: Новата форма на американска подршка за Украина не претставува промена на стратегијата на Западот
- „Сакам да нагласам дека оваа одлука на американската страна не претставува промена на стратегијата на Западот, туку интензивирање на она што е веќе испорачано од другите партнери. Оваа одлука е исклучително важна во овој момент“, рече Бербок во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Брисел, 18 ноември 2024 (МИА) - САД донесоа важна одлука во врска со воената поддршка на Украина, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, нагласувајќи дека тоа не е промена на стратегијата на Западот.
Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и дозволи на Украина да користи оружје од американско производство за напади длабоко во руската територија, потврдија за Ројтерс двајца неименувани американски официјални лица запознаени со одлуката.
„Сакам да нагласам дека оваа одлука на американската страна не претставува промена на стратегијата на Западот, туку интензивирање на она што е веќе испорачано од другите партнери. Оваа одлука е исклучително важна во овој момент“, рече Бербок во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Шефицата на германската дипломатија упати предупредување и до сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека Европската унија подготвува нови санкции против Иран, како и дека го разгледува прашањето за кинеската поддршка во врска со беспилотните летала што и се испорачуваат на Русија.сд/
фото:МИА архива