• среда, 25 декември 2024

Бербок изрази збунетост од коментарите на папата Франциск за војната во Украина

Бербок изрази збунетост од коментарите на папата Франциск за војната во Украина

Берлин, 11 март 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок со збунетост реагираше на повикот на папата Франциск до Украина да започне мировни преговори со Русија, јави ДПА.

„Навистина се прашувам што мислеше“, рече Бербок синоќа во интервју за германската јавна телевизија АРД.

„Не го разбирам“, додаде таа.

Бербок потсети дека со свои очи го видела уништувањето предизвикано од руската инвазија, вклучително и последиците од нападот на градинка и ги истакна случаите на киднапирање украински деца од страна на Русија.

„Се прашувам: Каде е Папата? Папата мора да знае за ова“, додаде таа.

Бербок рече дека светот треба да има храброст да го поддржи украинскиот народ и да направи се што е можно за да му помогне да се заштити.

„Кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не одат добро, треба да имате храброст да преговарате“, рече папата Франциск во интервју за швајцарската јавна телевизија.

Коментарите на Светиот Отец во врска со војната во Украина добија широк одѕив во јавноста и беа остро критикувани.

Папата Франциск во интервјуто рече и дека „најсилен е оној кој ја проценува ситуацијата, мисли за народот и има храброст да го подигне белото знаме и да преговара“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан