• вторник, 24 декември 2024

Бербок: Израелската офанзива на Рафа би била погрешна

Бербок: Израелската офанзива на Рафа би била погрешна

Берлин, 3 февруари 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека офанзивата на израелската армија на најјужниот дел на Појасот Газа би била погрешна.

-Преземањето дејствија во Рафа, како што најави израелскиот министер за одбрана, нема да биде оправдано, тоа е моментално најнаселеното место (во Појасот Газа), изјави Бербок.

„Тајмс оф Израел“ објави дека израелската војска (ИДФ) планира да ги прошири операциите во областа Рафа, повикувајќи се на изјавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека ИДФ може да стигне до бригадата на Хамас во Рафа и да ја уништи.

Бербок рече дека била шокирана кога слушнала такви планови.

-Повеќето од жртвите се жени и деца. Само да замислиме дека тоа се наши деца. Заедно со нашите американски партнери и ставив до знаење на израелската влада дека народот во Газа не може да се претвори во воздух, рече Бербок. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан