• среда, 27 ноември 2024

Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот

Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот

Фиуџи, 25 ноември 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

- Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан