• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бербок: Обновените борбени дејствија во Газа ги загрозуваат арапските мировни напори

Бербок: Обновените борбени дејствија во Газа ги загрозуваат арапските мировни напори

Берлин, 19 март 2025 (МИА) - Обновувањето на борбите во војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас ги загрозува напорите на арапските земји да постигнат мир, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Обновувањето на борбените дејствија е закана за позитивните напори на арапските земји, кои заедно бараат начини за постигнување мир во Газа, ослободена од Хамас“, рече Бербок, повикувајќи ги страните во конфликтот на поголема воздржаност.

Таа ова го изјави пред да замине во посета на Либан, каде ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток.

Израелски авиони вчера ја бомбардираа Газа, со што практично заврши релативната смиреност во енклавата што беше воспоставена по договорот за прекин на огнот меѓу страните во конфликтот. Во воздушните напади загинаа повеќе од 400 луѓе, соопштија палестинските здравствени власти. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан