• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бербок во јуни ќе биде избрана за претседателка на ГС на ОН, ќе почне да претседава од септември

Бербок во јуни ќе биде избрана за претседателка на ГС на ОН, ќе почне да претседава од септември

Берлин, 10 април 2025 (МИА) – Шефицата на германската дипломатија во заминување, Аналена Бербок, ќе биде претседателка на Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи нејзиното назначување, според внатрешните договори во рамките на ОН, се смета за формалност, пренесува ДПА.

Бербок треба да биде избрана во ОН во јуни, а нејзиниот едногодишен мандат ќе започне во септември.

Првично за оваа функција беше предвидена една од највисоките германски дипломатки, Хелга Шмид, поради што промената на одлуката предизвика критики.

Поранешниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, на пример, ја нарече кандидатурата на Бербок „дрскост“.

-Најдобрата и меѓународно најискусна германска дипломатка е заменета со модел на кого му истекува рокот, рече Хојсген.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан