• среда, 18 декември 2024

Бербок вети заедничка акција против Русија за време на состанокот на Балтичкиот совет

Бербок вети заедничка акција против Русија за време на состанокот на Балтичкиот совет

Хелсинки, 13 јуни 2024 (МИА) - Западните сојузници со излез на Балтичкото Море ќе ги здружат силите за да се спротивстават на руските провокации, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во финскиот крајбрежен град Порво, јави ДПА.

-Доколку Русија со своите постапки се обиде да не подели, ќе се приближиме, рече Бербок пред состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на балтичките морски држави во Порво, кој започнува денеска и ќе продолжи утре.

Безбедноста во регионот значи безбедност против Русија, а не со Русија, рече Бербок.

Советот е формиран во 1992 година за да ја поддржи политичката и економската трансформација на регионот. Вклучува осум земји со пристап до Балтичкото Море, како и Исланд и Норвешка. Русија беше суспендирана во март 2022 година по нејзината инвазија на Украина и се повлече во мај. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан