• петок, 27 декември 2024

Бербок бара целосно разјаснување за несреќата во Вилнус

Бербок бара целосно разјаснување за несреќата во Вилнус

Фиуџи, 25 ноември 2024 (МИА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика на целосно разјаснување по падот на товарниот авион на DHL кој леташе од Германија за Литванија.

Властите во двете земји во моментов истражуваат „во сите правци“, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во италијанскиот град Фиуџи, 60 километри источно од Рим.

Покрај технички дефект, Бербок не ја исклучи можноста за намерно предизвикан пад, пренесе ДПА.

Таа нагласи дека властите во двете земји во моментов ги испитуваат сите можности во нивните истраги.

- Ова го нагласува времето во кое живееме. Затоа, заштитата на критичната инфраструктура сега е особено важна, рече Бербок, мислејќи на неколку неодамнешни „хибридни напади“ врз поединци или инфраструктура во Европа.

Таа не упати никакви директни обвинувања против поединци или држави по несреќата.

Товарниот авион кој полетал од Лајпциг е авион на шпанската авиокомпанија Свифт Ер, која патувала во име на ДХЛ.

Авионот се урнал во раните утрински часови додека слетувал на аеродромот во литванскиот главен град Вилнус, во близина на станбена зграда. Еден шпански член на екипажот загина. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан