• среда, 27 ноември 2024

Берба на првите чили-пиперки на МВС

Берба на првите чили-пиперки на МВС
Хјустон, 3 ноември 2021 (МИА) - НАСА соопшти дека успешно ги одгледала првите чили-пиперки во Вселената, а астронаутите на Меѓународната вселенска станица ги ставиле во „тако“. Американската вселенска агенција соопшти дека чили-пиперките се одгледувани во експериментот „Плант хабитат-04“. „Истражувањето вклучува микробна анализа со цел - осознавање на односите меѓу растенијата и микробите во Вселената и проценка на екипажот за вкусот, текстурата и исхраната на првите пиперки одгледани во вселената“, се вели во соопштението на НАСА. Пиперките, кои растат на МВС од јули, се од родот „Еспањола импрувд“. Во 2019 година, НАСА објави дека оваа-чили пиперка ќе биде првото овошје што ќе се одгледува на МВС во потрагата по култури и плодови што астронаутите би можеле да ги однесат и на Марс.  си/

Остани поврзан