• среда, 25 декември 2024

Бен Гвир од митинг во Сдерот повика на повторна изградба на еврејски населби во Газа и на раселување на Палестинците

Бен Гвир од  митинг во Сдерот повика на повторна изградба на еврејски населби во Газа и на раселување на Палестинците

Сдерот, 14 мај 2024 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска го повика Израел повторно да воспостави населби во Појасот Газа и да ја „охрабри доброволната емиграција“ на Палестинците од енклавата. Тој тоа го порача во градот Сдерот на митингот за повторно израелско населување во Појасот Газа.

„Тоа е морално! Тоа е рационално! Тоа е во ред! Тоа е вистина! Тоа е единствениот начин! И да, тоа е и хумано“, рече Отзма Јехудит од ултранационалистичката партија.

Бен Гвир се осврна и на одобрувањето за дистрибуција на помош за палестинската енклава, која најблиските сојузници на Израел побараа да се прошири.

„Се срамам што јас сум единствениот во кабинетот кој гласаше против пренос на пратки во Газа преку преминот Керем Шалом. Сакате хуманитарна акција? Вратете ги киднапираните“, рече министерот.

На собирот се обрати и министерот за комуникации Шломо Кархи од владејачката партија Ликуд, кој го повика Израел да ги обнови населбите во Газа и „да побара висока цена од нацистите на Хамас, но и да ги брани нацијата и татковина“, пишува Тајмс оф Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан