• четврток, 26 декември 2024

Бен Гвир: Американската поддршка за Израел би била поинаква доколку Трамп беше на власт

Бен Гвир: Американската поддршка за Израел би била поинаква доколку Трамп беше на власт

Ерусалим, 4 февруари 2024 (МИА) - Ултрадесничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, изјави за Волстрит џурнал дека неговата земја ќе добие поголема поддршка од САД доколку ја предводи Доналд Трамп.

-Наместо да ни даде целосна поддршка (американскиот претседател Џо) Бајден е зафатен со давање хуманитарна помош и гориво (за Газа) што оди за Хамас. Ако Трамп беше на власт, однесувањето на САД ќе беше сосема поинакво, рече Бен Гвир.

Тој за Волстрит џурнал изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е на крстопат и „мора да избере во која насока да оди“, но дека тој самиот нема намера да поднесе оставка од актуелната влада, иако постојано се закануваше дека ќе го стори тоа.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид и Бени Ганц, поранешен началник на Генералштабот, сега член на воениот кабинет на Нетанјаху, го критикуваа Бен Гвир за неговата изјава за Бајден.

-Интервјуто што Бен Гвир го даде за Волстрит џурнал е директна штета на меѓународната позиција на Израел, воените напори, штетата на безбедноста на Израел и најмногу докажува дека тој не се разбира ништо во надворешната политика, но Нетанјаху нема контрола врз екстремистите во владата, рече Лапид.

Ганц смета дека премиерот треба да го повика министерот за национална безбедност на „смирување“ бидејќи, како што истакна, наместо да се занимава со прашања од внатрешната безбедност, нанесува огромна штета на надворешните односи на Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан