• четврток, 26 декември 2024

Бен Афлек и Џенифер Лопез си купија вила од 50 милиони долари

Бен Афлек и Џенифер Лопез си купија вила од 50 милиони долари
Лос Анџелес, 23 март 2022 (МИА) - Бен Афлек и Џенифер Лопез се почестија со нова, раскошно уредена вила во елитната населба Бел Ер во Калифорнија. Имотот чини нешто повеќе од 50 милиони долари. Луксузниот имот зафаќа дури 1.800 квадратни метри, а има 10 спални соби и 17 бањи. Сопствениците ќе може да уживаат во огромната кујна, домашна киносала, обезбеден ограден простор пред влезот, голем паркинг и уредена градина со базен и прекрасен поглед на теренот за голф и на Лос Анџелес. Овој објект се наоѓа речиси директно спроти главниот влез во тн. „селски клуб“ на Бел Ер. Куќата е изградена 1930-те, а е дизајнирана од познатиот архитект Пол Вилијамс, а и претрпела некои поголеми модификации наредните девет десеетлетија оттогаш. Претходните сопственици, Тод Лемкин и неговата сопруга Кејси, го купиле имотот за 27,6 милиони долари во 2016 година.  си/

Остани поврзан