Бентанкур испрати порака од болница: Добро сум, сè е во ред
- Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, кој загуби свест за време на полуфиналето на англискиот Лига куп синоќа против Ливерпул, се чувствува добро.
Лондон, 9 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, кој загуби свест за време на полуфиналето на англискиот Лига куп синоќа против Ливерпул, се чувствува добро.
Уругваецот од болница упати порака до навивачите.
- Сè добро, момци! Ви благодарам за пораките! „Честитки за победата на мојот тим! – напиша Бентанкур на социјалните мрежи.
Бентанкур колабираше во 8.минута и беше изнесен од теренот на носилки. Подоцна се освести и беше хоспитализиран за дополнителни испитувања. зс/
Фото: ЕПА