• петок, 27 декември 2024

Бенкси е автор на сликата на ѕидот на затворот во Ридинг

Бенкси е автор на сликата на ѕидот на затворот во Ридинг
Ридинг, 5 март 2021 (МИА) - Мистериозниот британски уличен уметник Бенкси потврди дека тој ја насликал новата слика на ѕидот од црвена тула, од некогашниот затвор во Ридинг, Англија. Бенкси објави и видео на Инстаграм, за тоа како ја создава сликата на затвореник кој бега, користејќи јаже што излегува од машина за пишување. Цртежот се појави во понеделникот, на предниот ѕид на затворот Ридинг, каде што, меѓу другото, и писателот Оскар Вајлд отслужил две години за „флагрантна непристојност“ во 90-тите на 19 век. Делото е наречено „Создај бегство“. Според градските власти, уметникот, се чини, ја поддржал кампањата за претворање на затворската зграда во уметнички центар. Затворот беше укинат 2013 година, а британски граѓани сега бараат пренамена на зградата. Британското Министерство за правда - сопственик на зградата, ќе одлучува за тоа во средината на март. Кампањата доби поддршка и од Џуди Денч, Стивен Фрај, Кенет Брана и други познати Британци. си/ми/  

Остани поврзан