• сабота, 28 декември 2024

Бени Ганц избран за претседател на Парламентот на Израел

Бени Ганц избран за претседател на Парламентот на Израел
Ерусалим, 26 март 2020 (МИА) - Главниот ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц денеска е избран за претседател на Парламентот. Со само делумна поддршка од партијата Сино бело и поддршка од десничарскиот Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Ганц беше избран со 74 гласови „за“ во Кнесетот кој има 120 места. Овој потег ја остава отворена можност за договор за ротирање на Ганц и Нетанјаху на премиерската функција, коментираат светските агенции. јт/

Остани поврзан