• сабота, 23 ноември 2024

Бени Ганц бара избори во Израел во септември

Бени Ганц бара избори во Израел во септември

Ерусалим, 3 април 2024 (МИА) – Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц денеска повика на национални избори во септември, во време кога владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се соочува со притисок дома и во странство поради војната во Газа.

- Одредувањето на таков датум ќе ни овозможи да продолжиме со нашите воени напори додека им сигнализираме на граѓаните на Израел дека сакаме да ја вратиме нивната доверба во нас, рече Ганц.

Илјадници Израелци редовно излегуваат на улиците за да бараат нови избори, во услови на бројни критики кон Нетанјаху и гнев поради начинот на кој неговата влада се справува со преговорите за ослободување на 134 израелски заложници кои Хамас ги држи во Газа шест месеци од избувнувањето на војната. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан