• четврток, 26 декември 2024

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму останува 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,585 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,369 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802 отсто, кај дизелот за 0,608, кај екстра лесното масло за 4,605 и кај мазутот за околу 3,13 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за околу 0,507 отсто. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан