• сабота, 28 декември 2024

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) – Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 - 81,5 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005  отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. вј/дма/

Остани поврзан