• среда, 25 декември 2024

Бензема, Фирмино и Хендерсон сакаат да ја напуштат Саудиска Арабија

Бензема, Фирмино и Хендерсон сакаат да ја напуштат Саудиска Арабија

Ријад, 9 јануари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема, напаѓачот на Ал Ахли, Роберто Фирмино и играчот од средниот ред на Ал Итифака, Џордан Хендерсон сакаат да ја напуштат Саудиска Арабија, пишува „Fichajes“.

Сите тројца играчи се приклучија на саудиските клубови минатото лето. Се известува дека фудбалерите не се задоволни од климата во Саудиска Арабија, квалитетот на терените и слабата посетеност на натпреварите.

Претходно беше објавено дека 36-годишниот Бензема би можел да се врати во Лион, а 33-годишниот Хендерсон очекува да се пресели во европски клуб.

По 19 кола во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Хилал е во водство (53 бода). Второто место го зазема Ал-Наср (46), а трет е Ал-Ахли (40). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан