• среда, 25 декември 2024

Бензема би сакал да ја напушти Саудиска Арабија, разочаран е од нивото на лигата

Бензема би сакал да ја напушти Саудиска Арабија, разочаран е од нивото на лигата

Џеда, 21 мај 2024 (МИА) - Карим Бензема сака да ја напушти Саудиска Арабија. Според Релево, фудбалерот е разочаран од нивото на лигата во земјата, недостатокот на професионализам и инфраструктура.

Сепак, заминувањето на Французинот од Ал-Итихад ќе биде тешко да се направи, бидејќи неговиот скапо платен договор е до 2026 година. Дополнително, заминувањето на Бензема може да се смета за навреда од локалните челници кои вложија значителни средства во играчот.

Се нагласува дека во најдобар случај може да му биде дозволено да се пресели во друг саудиски клуб, подобро опремен и заземајќи повисоко место во поредокот.

Ал-Итихад е петти во првенството.

Францускиот напаѓач се соочуваше со критики за неговите игри во текот на тековната сезона. Тој во моментов закрепнува од истегнување на мускулот на потколеницата, бидејќи веќе пропуштил еден месец.

Во текот на сезоната, 36-годишниот играч одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 голови и осум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан