• сабота, 28 декември 2024

Бенет за руско-украинскиот конфликт: Има уште долг пат

Бенет за руско-украинскиот конфликт: Има уште долг пат
Тел Авив, 21 март 2022 (МИА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој настојува да посредува во руско-украинскиот конфликт, денеска изјави дека и понатаму постои голем јаз меѓу двете земји и покрај одредениот напредок. - Има уште долг пат, бидејќи постојат неколку спорни прашање, некои се фундаментални, тврди Бенет. Според него, Израел „заедно со другите пријатели во светот, ќе продолжи да се обидува да се премости јазот и да заврши војната“. Медиуми пренесуваат дека Бенет имаше повеќе телефонски разговори со лидерите на двете земји последниве недели. Месецов тој ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. бд/зш/

Остани поврзан