• сабота, 27 јули 2024

Белоусов: Приоритетите на руското МО се испораката на муниција и пополнување на единиците во Украина

Белоусов: Приоритетите на руското МО се испораката на муниција и пополнување на единиците во Украина

Москва, 14 мај 2024 (МИА)  - Кандидатот за руски министер за одбрана Андреј Белоусов денеска соопшти дека најважното прашање на неговиот ресор е испораката на муниција, проектили, беспилотни летала и системи за електронско војување на силите кои се борат во Украина.

Белоусов, кој зборуваше на пленарната седница на Советот на Федерацијата за приоритетните области на работа на министерствата, рече дека едно од главните прашања е пополнувањето на редовите на вооружените сили на Русија, но дека не се зборува за мобилизација и вонредн мерки.

Тој, исто така, посочи дека е неопходно да се подобри военото образование и да се „прилагоди на искуствата од специјалните воени операции“.

Белоусов најави дека една од клучните задачи е интегрирањето на економијата на вооружените сили во општата економија на државата.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи поранешниот прв вицепремиер Андреј Белоусов да биде назначен на позицијата министер за одбрана наместо Сергеј Шојгу, кој е на чело на руското министерство од 2012 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан